Македонија

Продолжува бесплатниот одмор за децата од социјални семејства

Продолжува бесплатниот одмор за децата од социјални семејства

Владата овозможи неколку илјади деца од социјално ранливи семејства бесплатно да летуваат и зимуваат на терет на буџетот на државата.

Годинава вкупно 680 деца го искористиле правото бесплатно да користат одмор, а уште 250 деца од социјално ранливи семејства ќе заминат утре. До крајот на летово бесплатен одмор ќе искористат уште 1070 деца, кои ќе бидат распределени во 5 групи.

Како што истакна премиерот Никола Груевски, огромен број од овие деца преку оваа владина мерка за првпат имаат можност да заминат на одмор и токму поради тоа Владата интервенираше со ваков проект, да им овозможи на децата да користат летен и зимски одмор на терет на буџетот на државата.

Овој проект континуирано се спроведува од летото 2012 година и ќе продолжи да се реализира и во иднина.