Балкан

Продолжува чистката во Турција: Уапсени уште осум лица поради корупција

Продолжува чистката во Турција: Уапсени уште осум лица поради корупција

Турската полиција уапсила осум лица поради обвинение дека се вмешани во корупција, а истрагата турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, ја нарекол „многу валкана операција“, што има за цел да ја наруши неговата власт.

Меѓу притворените е и братот на градоначалникот на истанбулскиотисториската историска област Фатих, пишува весникот „Хуријет“.

Досега 52 лица, вклучувајќи ги и синовите на тројца турски министри и милијардерот Алиј Агаоглу, се најдоа пред истражниот судија во судот во Истанбул.

Големата операција започна оваа недела со притворување на голем број лица, блиски членови на турската Влада.

Повеќе од десетина полициски шефови се симнати од функција поради обвинение дека ја злоупотребиле својата положба, бидејќи воделе истрага што ја криеле од официјалните лица кои извршуваат повисоки функции во безбедносните институции.