Продолжува да беснее пожарот во Австралија, 29 лица хоспитализирани

Дваесет и девет лица се хоспитализирани во австралиската држава Јужна Австралија, каде продолжува да беснее најголемиот пожар во последните 30 години.

Од огнот уништени се 26 куќи, а 12.000 хектари шума се во пламен. Стотици пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, која сега зафаќа 240 километри квадратни површина, пренесува БТА.

Според Брентон Иден од националната Служба за противпожарна безбедност, следните 48 часа се критични заради променливиот правец на ветерот и високите температури кои се очекуваат.

Стотици семејства се евакуирани. Од огнот беа спасени и голем број коали во близината на Аделаида.

Истовремено во Перт, главниот град на Западна Австралија, илјадници корисници на интернет останаа без пристап до мрежата, откако компанијата Нет лимитед беше принудена да запре некои од системите поради рекордната горештина. Температурата во Перт се ускачи на 44,4 степени Целзиусови, што е најтоплиот јануарски ден од 1991 година, кога на 31 јануари беа измерени 45,8 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.