Свет

Продолжува да паѓа цената на нафтата

Продолжува да паѓа цената на нафтата

Цените на нафтата и денеска продолжија да паѓаат на светските берзи.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во декември на Берзата во Њујорк поевтини за 37 центи и сега нејзината цена изнесува 75,27 долари. Во Лондон пак цената на северноморскиот „брент“, за јануарска достава, исто така се намали за 37 центи, и сега е 78,94 долари на барел.

Сингапурската банка „Јунајтед Оверсиз“ оцени дека цените на нафтата се под притисок на слабите економски показатели што доаѓаат од Јапонија, како и поради се’ поголемиот скептицизам дека членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) ќе успеат да постигнат договор за ограничување на производството на енергенсот.

Статистичката агенција на Јапонија соопшти дека јапонската економија во периодот јули-септември забележала пад од 0,4 отсто на квартално ниво и од 1,6 проценти во однос на истиот период лани. Ова е втор квартал по ред во кој јапонската економија бележи пад, по оној од периодот април-јуни за 1,9 отсто, со што Јапонија технички влезе во рецесија.

Според податоците на американската Агенција за енергетски информации, Јапонија во 2013 година била трет најголем увзоник на нафта во светот по САД и Кина, со просечен дневен увоз од околу 4,4 милиони барели. Речиси третина од нафата Јапонија ја увезува од Саудиска Арабија.