Продолжува да расте бројот на жртвите од земјотресот во Кина, досега 610 жртви

Повеќе од 610 лица загинаа во земјотресот кој во неделата се случи во областа Јунин во југозападна Кина, а како исчезнати се водат 114 лица, јавуваат кинеските агенции.

Во земјотресот загинати се 615 лица, а повредени се 3.143. Според претходниот биланс, бројот на жртвите изнесуваше 589.

Евакуирани се 230 илјади луѓе, а повеќе од 80 илјади домови се срушени.

Епицентарот на земјотресот бил во длабочина од 12 километри под земјата.

Магнитудата на земјотресот е од 6,0 до 6,9 и се смета за јак со многу штета на добро изградени објекти. Годишно во светот се случуваат од 100 до 150 потреси со оваа магнитуда.

Во покраината Јунин најсилен бил земјотресот во 1970 година, кога загинаа најмалку 15 илјади лица.