Продолжува хуманитарната акција за д-р Евица Бојаџиева

Еден дел од целосната терапија за лекување на Др. Евица Бојаџиева е поминат со успех.

Давањето на терапија оди на начин што две недели се прима терапијата а потоа две недели се прави пауза.

Организмот на Др. Евица Бојаџиева реагира позитивно на досегашниот третман а се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина.

Ги замолуваме сите хумани граѓани да продолжат со донирање со вртење на телефонските броеви

077/143-702 ВИП
075/143-200 ONE
070/143-108 T-MOBILE

Бидејќи сеуште не се собрани целосно потребните средства.

Вооедно информираме дека во организација на Македонските иселеници од Лондон, викендов се оддржа хуманитарен концерт на Македонскиот естраден уметник Коки Јанков.