Продолжува крвопролевањето во Газа

Израел не ја прекинува крвавата копнена офанзива во Појасот Газа наспроти сите апели на светските лидери. Бројот на жртвите , исто така меѓу цивилите, расте од час во час. Советот за безбедност на ОН, бара прекин на огнот.

„Многу сме загрижени за цивилите во областите кадешто се водат борби“, рекол Јуџин Ричард Гасан, амбасадор на Руанда во ОН, кој овој месец претседава со Советот. „Ги повикуваме сите страни да ги превземат неопходните мерки за да ги заштитат цивилите, како ида ги почитуваат меѓународните конвенции“, додал тој.

Нема знаци дека офанзивата би можела да се прекинe. Израелската армија соопштила утрово дека убила најмалку десет алестинци кои преку подземен тунел се обиделе да се префрлат на израелската страна наводно за да извршат бомбашки напад. Крената е узбуна во повеќе израелски села долж Појасот Газа.

Израелскиот премиер Нетанјаху дури најавил проширување на копнените дејствија во Појасот Газа. „Нема да прекинеме додека не ја постигнеме целта“, рекол тој влера. ДОдал дека радикалниот Хамас самиот е одговорен за смртта на многу палестински цивили. Можно е да претстојат тешки денови, рекол Нетанјаху.

1366814-mh17-01-foto-profimedia-rs 116867560_Gaza_357086b gaza_digs_out_01 gaza-photo  0,,17796889_401,00