Продолжува ли егзодусот во Атлетико Мадрид?

Арда Туран, еден од најдобрите офанзивци на Атлетико Мадрид, е најверојатно следниот кој ќе си замине од минатогодишниот освојувач на “Ла Лига”.

Луј Ван Гал, новиот менаџер на Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за услугите на Турчинот, а според некои медиуми на островот, Јунајтед веќе доставил понуда за Туран која изнесува 20 милиони евра плус Шинџи Кагава.

Туран во својот договор има откупна клаузула од 40 милиони евра, но се очекува оваа понуда да биде сосема доволна, со оглед на тоа дека покрај огромната сума пари која ќе ја добие Атлетико Мадрид, ќе добие и играч со слични карактеристики и квалитет како Туран.

Сепак, последниот збор во целата оваа ситуација ќе ја имаат Диего Симеоне и раководството на Атлетико Мадрид, па дали Туран ќе си замине од “Висенте Калдерон” останува да видиме во наредните неколку дена.