Продолжува очајниот старт на сезоната и за Никси и за Лејкерси

Иако предводени од едни од најдобрите играчи на денешницата, и Никси и Лејкерси играат очајно на почетокот на новата НБА сезона.

Њујорк на домашен терен беше поразен од не толку силниот Орландо, што е уште еден показател дека во тимот од “Големото јаболко” нешто сериозно не оди како што треба. “Магичните” славеа со 95:97, во натпревар каде главниот збор во победничкиот тим го имаше Еван Фурние со 28 поени. Кај домаќините, како по навика, Кармело Ентони повторно беше најпрецизен, овој пат со 27 поени, недоволни за триумф над Орландо.

„Пеликаните“ пак предводени од Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок (25 п, 12 с) славеа над Лејкерси во чиј состав залудни беа 33 поени на првата ѕвезда Коби Брајант.

НБА резултати:
Вашингтон – Детроит 107:103
Атланта – Јута 100:97
Бостон – Оклахома Сити 94:109
Мајами – Индијана 75:81
Њујорк – Орландо 95:97
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 109:102
Денвер – Портланд 113:130
Минесота – Хјустон 101:113
Феникс-Бруклин 112:104