Продолжува полицискиот час во Фергусон

Властите во Сент Луис во недела на полноќ, втор ден по ред, воведоа полициски час во предградието Фергусон, каде што траат немири откако минатата недела бел полицаец уби невооружен црнец тинејџер.

Локалните власти од ден до ден ќе носат одлука за полициски час, откако гувернерот на Мисури Џеј Никсон првпат прогласи во саботата вечер со цел да се смират протестите, грабежите и судирите на улиците во градот.

Според гувернерот Никсон, Mинистерството за правда на САД и десетина агенти од ФБИ го истражуваат убиството на 18-годишниот Мајкл Браун.