Свет

Продолжува потрагата по исчезнатиот малезиски авион

Продолжува потрагата по исчезнатиот малезиски авион

Продолжува потргата по исчезнатиот малезиски авино. Со десет бродови и десет авиони се пребарува Индискиот Океан западно од австралискиот град Перт.

Во текот на денот во потрагата ќе се вклучи и австралискиот воен брод „Оушн шијлд“, кој има американски локатор за црни кутии и подводен робот за пребарување.

„Потрагата по исчезнатиот авион може да трае со години. Во моментот се прабарува целиот Индиски Океан, поради што потрагата бавно се одвива“, изјави американскиот капетан Марк Матјус од воената база „Старлинг“, која е одговорна за функционирање на американската техника на бродот  „Оушн шијлд“.

Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот исчезна од цивилниот радар на 8. март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг.