Продолжува потрагата по остатоците на авионот на „Ер Азија“

Во Јаванското Море денеска продолжува потрагата по 162 жртви од авионот на Ер Азија, но брановите високи 2,5 метри и силен ветар отежнуваат потрага и ги спречуваат спасувачки тимови да ја пребараат зоната во која се урна авионот, пренесе МИА.

На дното од морето регистриран е голем темен објект за кој се верува дека е исчезнатиот авион на Ер Азија, соопшти индонезиската Агенција за истрага и спасување откако во околина беа пронајдени остатоци од леталото и тела на луѓе.

Властите соопштија дека досега сеум тела се извлечени од морето, јави Би-Би-Си. Авионот со 162 патника и членови на екипажот исчезна во неделата по лоши временски услови на лет од индонезискиот град Сурабаја до Сингапур.