Продолжува претседателската и кампањата за парламентарните избори

Кампањата за претстојните претседателски и вонредни парламентарни избори продолжува и денеска.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов ќе има митинзи во Демир Хисар и во Битола, а партијата ќе има претставување на изборната програма  во Могила и во Новаци.

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски ќе посети  неколку општини во Скопје и Тетово. Неговата партија ќе има средби со граѓани за изборната програма  во Пробиштип и во Куманово.

Зоран Поповски од ГРОМ денеска ќе има митинг во општина Карпош, а предвидено се и средби со граѓани во Аеродром. Кандидатот за претседател на ДПА Илјаз Халими и кандидатите за пратеници ќе се претстават на митинзи во Тетово.

ДУИ ќе одржи митинг за парламентарните избори во Боговиње.