Продолжува проектот „Празна продавница полно срце”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претставници на Црвениот Крст Битола денес на Широк Сокак во Битола го отворија штандот за облека наменет за социјално ранливи категории од заедничкиот проект “Празна продавница полно срце”.

„Оваа активност ќе продолжи и во наредниот период. Следната продавница ќе ја отвориме во Охрид и понатаму ќе продолжиме со отворање на вакви продавници низ целата Република, со цел да го реализираме овој проект и дополнително да ја подигнеме свеста кај граѓаните во однос на хуманоста,“ изјави Спасов.

Тој ги повика граѓаните од општина Битола да бидат хумани и својата носена но употреблива облека и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно.