Продолжува расправата за предлог буџетот за 2015 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2015 година што ја почна вчера.

Според предложеното, приходите се проектирани на 2,65 милијарди евра, а расходите на 2,95 милијарди евра, односно се предвидува буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5 отсто од БДП. Проекциите се направени на основа на раст на економијата од четири отсто и инфлација од два отсто. За капитални инвестиции се планирани 345 милиони евра.

Расправата се води без опозицијата. Пратениците вчера ги фалеа политиките на владата. На предложениот Буџет има поднесено 9 амандмани од кои осиум се на пратеничката Роза Топузовска Каревска, а еден на група пратеници.