Продолжува реализацијата на проектот „10 Домови на култура“ во општина Илинден

Во Општина Илинден во тек е реконструкција на Домот на култура „Ајватовци“, со површина од 120 метри квадратни и Домот на култура „Бунарџик“ – 103 метри квадратни, во рамките на реализацијата на капиталниот проект „10 Домови на културата“. Како дел од овој проект со кој е опфатена изградба, реконструкција, санација и опремување на 10 Домови на културата, изграден е Домот на култура „Илинден“, а досега комплетно се реконструирани и опремени домовите на култура  „Кадино“, „Мршевци“, „Бучинци“, „Бујковци“, „Текија“ и „Дељадровци“.

Домовите на културата во Ајватовци и Бунарџик се изградени многу одамна, а нивното неодржување придoнесе тие да ја загубат првобитната намена. Реализацијата на овој проект придонесува за повторно функционирање на овие објекти каде што ќе можат да се организираат настани од областа на културата, а граѓаните, месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва ќе имаат одлични услови за меѓусебно дружење и организирање на средби и состаноци.

Покрај целосната реконструкција и опремување, во домовите на култура е обезбеден и бесплатен безжичен интернет.

Со изградбата и реконструкцијата на домовите на култура, Општина Илинден продолжува со инвестиции во инфраструктурни објекти за потребите на културата, создавајќи услови за организирање на културни настани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.