Продолжува Саемот на книгата на Матица

Во четврток во 12:00 часот ќе биде претставено делото на Трајче Кацаров од Штип, „Двонасочна релација-Театар и публика“.

За делото ќе говорат акадeмик Милан Ѓурчинов и доктор Маја Јакимовска-Тошиќ.

Со овие активности, во Паркот на Книгите продолжува Саемот на книгата „Книга во секој дом“.