Продолжува спасувачката акција по затрупаните рудари во јужна Турција

И денеска продолжи спасувачката операција за извлекување на 18 рудари, кои се блокирани во рудник за јаглен во јужна Турција, но се се помали надежите дека тие живи ќе бидат извлечени.

Рудартите се бликирани на околу 400 метри под земја откако вчера беше поплавен дел од рудникот во Ерменек, округ Караман.

Спасувачките екипи се обидуваат да ја испумпаат водата од рудникот, но процесот бавно се одвива. Спасувачите не можат да стигнат до рударите поради темнината и високот ниво на водата.

Засега не е воспоставено врска со рударите, а се претпоставува дека тие нашле засолниште во галеријата на рудникот.

– Бидејќи не знаеме каде точно се наоѓаат рударите, не можеме да кажиме колку време е потребно за нивно спасување, истакна турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој е во Ерменек.

Претседателот на синдикатот на рудартите Ергјун Аталај изјави дека мали се шансите рударите да бидат спасени.

– Станува јасно дека по сите инциденти во рудниците во Турција се уште не е извлечена поука, посочи Аталај.

Во мај 301 рудар загинаа при експлозија и пожар во јагленокоп во Сома, западна Турција.

Според Меѓународната организација за труд, Турција е на третото место во светот по смртност на работно место.