Продолжува уредувањето на тревните површини во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во континуитет продолжува со акциите за уредувањето (косењето) на тревните површини низ целата нејзина територија. Од вчера, па се до 19.08.2014, се спроведува слична таква акција, при што ќе бидат ангажирани вкупно 45 сезонски работници кои ќе работат со тримери и други алати за косење на тревните површини.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Активностите се одвиваат на следните улици: ул.”Сава Ковачевиќ” (индустриска зона), ул.”Жил Верн”, ул.”Наум Охридски”, ул.”Востаничка”, ул.”Баница”, ул.”Георги Димитров”, ул.”Локов”, ул.”Марко Орешковиќ”, ул. “Новопроектирана” (УЗ Расадник), ул.”Марко Орешковиќ”, ул.”Мариовска” и делот околу Теферич, каде на 19 Август ќе биде одбележан верскиот празник Св.Преображение.