Продолжува владината поддршка за подобрување на бизнис климата во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ континуирано им дава силна поддршка на домашните компании во вид на субвенционирани кредити, ниски даноци со нула стапка за данок на реинвестираната или задржаната добивка, како и значително подобрена бизнис клима.

1posetakumaОва денес го истакна носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска која ја посети фабриката „Бос Трејд“ во Куамново, посочувајќи дека се овозможи реализација на инвестиции во нови капацитети и технологии и зголемување на квалитетот и додадената вредност на производите од традиционалните извозни сектори.

Во наредниот период ќе се овозможи регистрирање фирми преку овластени регистрациони агенти, целосно исклучување на хартиената регистрација на ДОО, ДООЕЛ и ТП, исклучување на примената на печатот во правниот промет за трговските друштва. Ќе се воведе едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки тарифни квоти (EXIM).

2posetakumПериодично ќе се организираат работилници на кои владин експертски тим ќе разговара со менаџмент тимовите на најуспешните извозно ориентирани македонски компании за нивните бизнис планови и проблемите со кои се соочуваат, при што ќе се разговараат можни решенија за надминување на предизвиците и подобрување на конкурентноста на домашните компании.

Владата во соработка со локалната самоуправа ќе организира Информативни бизнис денови.
На овие настани ќе присуствуваат Владини тимови по покана на општините, со цел на компаниите од општината од страна на претставници од релевантни институции, да им бидат презентирани мерките и активностите кои се во насока на обезбедување на финансии за поддршка на претпријатија, подобрување на бизнис климата и работењето на фирмите, поддршка за нови вработувања, практична работа и слично.