Продолжува забраната за товарни возила и автобуси на патниот правец Кратово-Пробиштип

На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

На патниот правец Кратово – Пробиштип, забраната за товарни моторни возила и автобуси е укината и сообраќајот се одвива нормално.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: МИА