Продолжува заложничката драма во Сиднеј

Продолжуваат напорите на полицијата во Сиднеј да стави крај на заложничката драма која се одигрува во кафулето Линдт и која започнала околу 9. 45 часот наутро по локално време.

Според полицијата вооружен маж држи непознат број на заложници.

sidnej_kriza_2Началникот на полицијата Ендру Скипионе на прес конференција за медиумите изјавил дека полицијата стапила во контакт со напаѓачот, додавајќи дека драмата се одигрува „на само една локација“.

-Планираме и наша единствена цел е вечерва да ги извадиме луѓето што во моментов се заробени во зградата, изјавил тој.

Премиерот на Нов Јужен Велс Мајк Беирд им порачал на жителите кои работат во критичната зона во близина на плоштадот утре да „работат од дома“ што подразбира дека властите планираат долготрајни преговори.

sidnej_kriza_3Инаку, по неколку часа откако вооружениот маж влегол во кафулето и ги присилил заложниците да држат исламистичко знаме, пет заложници успејале да побегнат.

Скипионе изјавил дека еден од заложниците кои побегнале е пренесен на болничко лекување, но поради претходни здравствени проблеми, а не поради повреди здобиени за време на кризата.

Засега не се познати мотивите за заложничката криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.