Македонија

Продолжуваат 80-тата и 82-та седница во Собранието

Продолжуваат 80-тата и 82-та седница во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 80-та седница, а по нејзиното завршување ќе продолжи со работа по 82-та седница.

Пратениците во рамки на 80-та седница ќе расправаат по Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, како и по Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

На дневен ред на 82-та седница на Собранието се Предлог- одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите и Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието.