Продолжуваат натпреварите на Мастерсот во Париз

По вчерашните неколку интересни дуели, каде на самиот старт на турнирот дел од светската елита, како Јужни, Долгополов, Андухар итн. веќе е елиминирана, и денес продолжуваат натпреварите на Мастерсот во Париз.

Првиот натпревар од денешната програма веќе заврши, а пласман понатаму избори Уругваецот Куевас, кој победи против Леандро Маер, откако Аргентинецот го предаде мечот во вториот сет поради болки во грбот.

Во текот на денот ќе има неколку интересни дуели, како оние помеѓу Вердаско и Симон, Росол и Гофин, како и дуелот помеѓу светскиот рекет број еден Џоковиќ и Германецот Колшрибер.