Продолжуваат преговорите меѓу ЕК, Украина и Русија за рускиот гас

Обновувањето на тристраните преговори за гасот меѓу Русија, Украина и ЕУ може да претставува основа за интензивирање на политичките напори за решавање на конфликтот, изјави еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер, јави ИТАР-ТАСС.

– Постигнавме договор за спроведување на тристрани консултации меѓу Русија и „Гаспром“ од една сртана, Украина и „Нафтогас“ од друга страна и Европската комисија, како важен посредник во овој процес – изјави Јотингер по преговорите на европската делегација со украинскиот претседател Петро Порошенко.

За обновувањето на консултациите ќе се разговара во Москва на 29 август, кога Јотингер ќе се сретне со рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Еврокомесарот истакна дека заедничката работа во енергетскиот сектор меѓу ЕУ и земјите од Царинската унија е од клучно значење и е поврзано не само со гасот, туку и со нафта, јаглен и ураниум.