Продолжуваат проблемите за Реал – се повреди и Кедира

Проблемите со повредите во Реал Мадрид никако да престанат.

По Хамес Родригез и Серхио Рамос, кои се повредија во претходното коло, сега и Сами Кедира ја повреди задната ложа и ќе мора да паузира најмалку 2 седмици.

Ако на ова се додаде дека надвор од терените се и Пепе и Лука Модриќ, тогаш Карло Анчелоти треба да биде и тоа како загрижен.

“Кралскиот клуб” во последното коло загуби од Атлетико Мадрид, со што си ја искомпликува ситуацијата на табелата. Сега има само еден бод повеќе од Барселона, а четири повеќе во однос на Атлетико Мадрид.