Продолжуваат протестите во Сент Луис

Во предградие на Сент Луис продолжуваат протестите поради убиството на Афроамериканец, кој во вторникот беше убиен од страна на полицаец.

На најновите протести учествуваа 150 луѓе, и главно беа мирни.

Само во еден момент речиси дојде до инцидент кога полицаец спречил обид на неколку луѓе да ограбат продавница.

Најмалку две лица се приведени.

По инциденто во вторникот избија нереди, во кои двајца полицајци се повредени, а четири лица уапсени, откако група од 200-300 луѓе фрлале со камења и факели врз 50 полицајци кои дошле на местото, изјави шефот на полицијата на округот Сент Луис, Џон Белмар.