Продолжуваат санкциите кон Русија

Државниот секретар на САД, Џон Кери и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини вчера во Вашингтон се заложија за продолжување на режимот на санкции против Русија и повикаа Москва да го почитува примирјето од Минск во Источна Украина.

Според Могерини посетата на Вашингтон, што е нејзина прва надвор од ЕУ на сегашната функција, зборува за значењето на тесните врски меѓу САД и Унијата. 

Кери нагласил дека силите поддржани од Русија извршиле „грабање на земја“ во Источна Украина по потпишување на Минското примирјје во септември минатата година. Тој ја оцени ситуацијата како алармантна.

Американскиот државен секретар за време на едночасовната прес конференција нагласил  дека САД и ЕУ ќе ја следат политиката на санкции во координација.                                                                                                                                                                                     Секое разгледување на санкциите целосно зависи од тоа дали Русија ги исполнува своите обврски.      

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.