Продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони

По неколкумесечна пауза, вечерва одново ќе може да се ужива во возбудувањата што со себе ги носи Лигата на шампионите, со првите две осминафинални пресметки меѓу ПСЖ и Челси, односно Шахтјор и Баерн Минхен.

“Светците” се значително ослабени поради неиграњето на четири стандардни првотимци, кои заработија повреди на дуелот со Каен во саботата. Тренерот Лорен Блан надежите ги полага во напаѓачкиот тандем Ибрахимовиќ – Кавани, а не се исклучува ниту можноста во стартниот состав да се појјави и трет голгетер, Езекиел Лавеци.

Баерн Минхен отпатува за Украина посилен за Чаби Алонсо, кој ги надмина проблемите со повредата, но и за Франк Рибери, кој заедно со Робен и со Левандовски ќе го сочинува ударното трио и ќе претставува сериозна опасност по голот на украинскиот првак.

ПСЖ – ЧЕЛСИ

ПСЖ: Сиригу, Максвел, Тијаго Силва, Давид Луиз, Ван дер Вил, Мота, Верати, Матуиди, Пасторе, Кавани, Ибрахимовиќ.

Отсутни: Маркињос, Лукас Моура, Орие, Кабај.

ЧЕЛСИ: Куртоа, Азпиликуета, Тери, Кејхил, Ивановиќ, Матиќ, Фабрегас, Азар, Оскар, Вилијан, Диего Коста.

Отсутен: Микел.

ШАХТЈОР – БАЕРН М.

ШАХТЈОР: Пјатов, Срна, Кушер, Шевчук, Ракитски, Фред, Фернандо, Даглас Коста, Алекс Тешеира, Таисон, Луиз Адријано.

Отсутни: Бернард, Степаненко.

БАЕРН: Нојер, Рафиња, Данте, Боатенг, Алаба, Чаби Алонсо, Милер, Швајнштајгер, Робен, Рибери, Левандовски.

Отсутни: Мартинез, Лам, Тијаго Алкантара.

Извор: Екипа