Свет

Продолжуваат воздушните напади врз Сана

Продолжуваат воздушните напади врз Сана

Главниот град на Јемен, Сана е бомбардиран во текот на ноќта и изутринава, изјавија жители на градот, на петтиот ден од воздушната офанзива на коалицијата на арапските земји, предводени од Саудиска Арабија, против силите на Хутите, кои се противниците на претседателот Абд Рабо Мансур Хади, обави МИА.

Еден од жителите изјави дека нападите претежно биле извршувани околу дипломатскиот дел на Сана.

– Минатата ноќ беше пеколна, изјави еден јеменски дипломат.

Тој додаде дека цел на нападот биле и складишта на оружје, кои како што се верува се наоѓаат во тунели ископани во планините, кои гледаат на градот.

Саудиска Арабија на 26 март објави дека заедно со уште девет сунитски земји ќе почне воздушни операции на позиции на вооружените формаци на шиитите Хути, под чија контрола се наоѓа Сана и кои се тврди дека се соузници на Иран.