вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 51

Продолжува 107-мата седница на Собранието

sobranie

Поврзани вести

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи продолжение на 107. седница.

На дневен ред на седницата се Предлог законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, по скратена постапка, како и предлог законите за изменување на законите за високото образование, за основање на Универзитет во Тетово, за вработувањето и осигурување  во случај на невработеност, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, по скратена постапка.

Најчитани вести