Продолжува да „доаѓа животот“ во Аеродром со затворања нови локали поради шекерчиња

На социјалните мрежи во саботата се појавија известувања за нови акции на инспекторите од финансиската полиција и Управата за јавни приходи (УЈП) се влезени во уште еден локал во Аеродром, откако во петокот под банални изговори беа затворени два многу посетувани локали во оваа скопска општина.

„Финансиската полиција и УЈП влезени во „ДежаВу“? Се спрема ли затворање на уште еден локал, преубаво катче во Аеродром, што служи шеќерчиња со логото на Општината?“, пишува во саботата претпладнето на фејсбук групата „Аеродром ВО МОЕТО СРЦЕ“.

Најпознатото кафуле во општина Аеродром, „Тренд“ и слаткарницата „Палма“ во петокот добија клуч на врата, поради шеќерчињата со логото на Општината?

„Дојде „живот во Аеродром“! Затворен „Тренд“ во Аеродром поради шеќерчињата со логото на Општината?Срамота! Диктатура“, обвинуваат жителите на општината.

На фејсбук групата „Аеродром во моето срце“ од петокот се испраќаат критики за работата на СДСМ. Партијата предводена од Зоран Заев најавуваше „Живот во Македонија“, а сите чекори кои ги презема одат во спротивна насока на ветеното.