Продолжува комисиската расправа за предлог буџетот за 2017-та

Владата предложи тој да изнесува 3,3 милијарди евра од кои 450 милиони ќе бидат наменети за капитални инвестиции, најмногу во сообраќајната инфраструктура.

Продолжува комисиската седница на која ќе се расправа предлог буџетот за 2017-та година. Владата предложи тој да изнесува 3,3 милијарди евра од кои 450 милиони ќе бидат наменети за капитални инвестиции, најмногу во сообраќајната инфраструктура.

Буџетот треба да се донесе најдоцна до 11-ти октомври, бидејќи според политичкиот договор на 12-ти октомври треба да се распушти Собранието и да се распишат предвремени парлаентарни избори на 11-ти декември.