Продолжува конститутивната седница во Собранието

Седницата почна со серија процедурални забелешки на различни теми, поради што беа давани неколку паузи. За дискусија се пријавени 51 пратеник, а во изминатите три дена само тројца го искористија правото на збор.

Пратениците од ВМРО-ДПМНE повторно побараа да се каже што е договорено со ДУИ и СДСМ да се откаже од тиранската платформа, а како единствен излез од политичката криза го посочија одржувањето предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара што е можно поскоро во јавноста да излезе законот за јазици што го договориле СДСМ и ДУИ и додаде дека како што Албанците во Македонија бараат да се почитуваат нивните права, така бараат и Македонците, Турците, Бошњаците, Власите, Ромите,…

Во реплика Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ прача дека е недозволиво некој пратеник да не ја почитува химната на Македонија и да не станува во нејзина чест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.