Продолжува конститутивната седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Ова е 14-то продолжение на конститутивната седница, на која на дневен ред е и изборна претседател на Собранието.

Во досегашниот тек од расправатаглавна тема е тиранската платформа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да се откажат од неа и да се оди на нови избори. Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се во допир со точката на дневниот ред. Тие побараа да се премина на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.

Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.