Продолжува нетранспарентното работење и ограничување на медиумите од страна на СЈО

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и Катица Јанева продолжуваат со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите. Со ова продолжува самоволното и крајно непрофесионално постапување на ова обвинителство, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека СЈО денеска до јавноста испрати соопштение со кое известува дека утре (03.06.2016 година) со почеток во 10:00 часот во просториите на ова Јавно обвинителство ќе се оддржи прес конференција. Она што е впечатливо е крајниот нетранспарентен однос на СЈО кон медиумите и нивното ограничување.

Исто така, имајќи ги предвид ограничените просторни услови, кои Ви се добро познати, Ве молиме бројот на претставници од еден медиум да биде ограничен на минимум (пр: по еден новинар, снимател, фотограф). На прес конференцијата ќе ви биде обезбеден одговор на прашањата кои ги поставивте деновите на нашата е-маил адреса, стои во известувањето.

„Курир“ пишува дека ваквото ограничување јасно покажува дека СЈО не сака да одговори на сите прашања на медиумите во живо, туку инсистира медиумите истите да ги испратат писмено на нивната мејл адреса, крајно нетранспарентен начин кој никој не го практикувал.

Дополнитело скандалозно е ограничувањето по еден снимател и новинар. Доколку СЈО нема просторни услови, според нивните тврдења, можат да изнајмат простор за 50 или 100 евра, како што тоа го прават многу други, бидејќи финансиските средства не се проблем за СЈО кое има годишен буџет од неверојатни 253, 7 милиони денари, односно 4,1 милиони евра.

Во јавноста изминативе денови протекоа и информации околу огромните суми кои ги добиваат вработените во СЈО како личен доход. Се шпекулира со енормни суми од 2.500 до 3.000 евра, од кои 1.500 како додатоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.