Продолжува низата киксови на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид повторно киксираа во саботата во 19-то коло од шпанското првенство, откако беа поразен на домашен терен од Виљареал со 0:1.

Ова беше уште една бледа претстава на бранителот на титулата „кралскиот клуб“, а и пресуди Пабло Форналс во 88 минута по успешниот противнапад на гостите. Малку претходно, во 81 минута убава шанса Реал да го доведе во водство имаше Лука Модриќ, но неговиот удар од 14 метри заврши над голот.

Реал, кој се наоѓа во голема криза од почетокот на шпанското првенство и постојано е во големо бодовно заостанување зад водечките екипи, во последните три кола освои само еден бод. Пред католички Божик загуби на домашен терен во „Ел Калсико“ од Барселона со 0:3, а во минатото коло кај Селта во Виго одигра 2:2.

Реал остана на четвртото место на првенствената табела со 32 бодови, односно дури 16 одови помалку од водечката Барселона.