Продолжува падот на Ѓоковиќ на АТП листата

Поранешниот најдобар светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ го очекува нов пад на светската ранг листа, по вчерашниот пораз во второто коло на мастеерс турнирот во Мадрид. Тој беше елиминиран од англискиот тенисер Кајл Едмунд со 2:1 во сетови (3: 6, 6: 2, 3: 6).

Ѓоковиќ во Шпанија настапи како 12-ти тенисер во светот, што му донесе статус на десетти носител на турнирот, но тоа значително ќе се смени следната недела.
Имено, Србинот  не успеа да ги одбрани 360-те поени освоени во Мадрид минатата година, откако стигна до полуфиналето кога загуби од Рафаел Надал. Од понеделник Ѓоковиќ ќе биде 18 на АТП листата, што ќе му донесе потешка позиција на претстојните турнири, пред се оние кои се играат на земја како што се мастерсот во Рим и Гренд слем на „Ролан Гарос“.