Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините.

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. По котлините ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено попладне вдолж Повардарието.

Температурата ќе се движи од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе достигне до 11 степени.