Македонија

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче од Шипковица

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче од Шипковица

Потрагата по исчезнатото девојче од Шипковица во невремето од пред четири дена продолжува.

Како дел од активностите за санирање на состојбите во тетовскиот регион по обилните врнежи, интензивно се работи во село Порој, каде се претпоставува дека има околу 350.000 метри кубни нанос. Освен Желино, се подготвува нова локација за депонирање отпад кај село Доброште, општина Теарце, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ДЗС информираат дека е пробиен патот Тетово – Јажинце, но не е пуштен за употреба, а се работи и на расчистување на речното корито на Поројска река.

Во Голема и Мала речица продолжува да се работи на терен. Во Мала Речица од ПОЗС Дебар 1 се ангажирани дополнителен багер и два камиона, а во Голема Речица Армијата и локалната самоуправа. Главниот пат Голема и Мала Речица е целосно исчистен, се пристапува кон другите локални патишта.

Во активностите во Тетово се вклучени 25 багери од разни видови и големини, 45 камиони со различна носивост и 2 булдожера. На општина Тетово, Кинеската амбасада во Македонија и донираше еден багер, кој е ставен во употреба, информираат од ДЗС.

Во невремето во тетовско животот го загубија пет лица, а шестгодишно девојче од Шипковица се уште се води како исчезнато.

 

Повеќе за силното невреме во Тетово  прочитате на овој линк:

Силното невреме во тетовско зеде четири жртви