Продолжува потрагата по можните напаѓачи во лондонското метро

Британската полиција во саботата по апсењето на еден осумнаесетгодишник отфрли да ја исклучи можноста дека неколку лица учествувале во бомбашкиот напад во петокот во лондонското метро.

„Сѐ уште ја разгледуваме можноста дека едно лице е одговорно за тој напад“, изјавил Нил Бејсу шеф на антитерористичкиот оддел на лондонската полиција на прес-конференцијата во саботата вечерта.

Во саботата утрото во грофовијата Кент на југоистокот од Англија во пристанишната зона на Довер е уапсено осумнаесетгодишно момче „осомничен о за тероризам“, соопшти полицијата.

„Приоритет ни е да го идентификуваме и локализираме секое можно сомнително лице“, додал шефот на антитерористичката единица на британската престолнина.

Според податоците од медицинските служби, 30 лица се повредени во стампедото по експлозијата на импровизираната бомба во вагон во подземната железница, но ниедно не е во критична состојба.

Поради нападот на станицата „Парсон Грин“, кој го карактеризираше како терористички чин, британската влада презема ретка мерка, односно распоредување на војската на улиците.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.