Продолжува преселувањето на бегалците од Идомени

Грчките власти втор ден по ред ги селат бегалците и мигрантите од импровизираниот бегалски камп Идомени што се наоѓа на грчко-македонската граница, пренесува „Катимерини“.

Некои од нив, како што јавува весникот веќе биле сместени во два автобуси и чекале полицијата да пристигне околу 8 и 30 часот по локално време и да ги пренесе во другите организирани кампови.

Преселување на бегалците од Идомени
Преселување на бегалците од Идомени

На местото се распоредени над 700 полицајци но засега нема информации за инциденти во рамки на операцијата што започна вчера во зори во кампот каде беа сместени над 8.000 лица. Во моментов на новинарите не им е дозволен пристап до местото.

Според властите, во текот на вчерашниот ден биле преселени над 2.000 лица. Се очекува дека евакуацијата на кампот ќе трае неколку дена.