Продолжува првото прскање против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе продолжи првиот наврат од авионската и  терестричната дезинсекција во 2016 година  против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје, која поради временските услови беше одложена.

Во рамките на истата ќе се реализираат следните активности:

  1. Продолжување на првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 14.05.2016 (сабота), во период од 05.30 до 10.00 часот.
  1. Продолжувањето на првиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестична) во 2016 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 15.05.2016 до 19.05.2016 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 04.00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Од Град Скопје порачуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.