Продолжува со работа собраниската комисија за импичмент на Иванов

Собраниската комисија за импичмент, односно за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција денес реба да продолжи со работа.

Ова е трето продолжение на Комисијата, која од изгласувањето од Парламентот за седум дена треба да изготви извештај за тоа дали предлогот на опозицијата за импичмент на претседателот на државата е основан или не е. Рокот за изготвување извештај истекува денеска. Кога извештајот ќе стаса до претседателот на Собранието, тој треба да закаже седница на која ќе се расправа за предлогот.

Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов го поднесоа пратениците од СДСМ и коалициските партнери, а тој е поддржан и од пратениците од ДУИ, врз основа на нивните ставови изнесени на Комисијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека се против одлуката на Иванов за аболиција, но сметаат дека таа не е ниту незаконска ниту противуставна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.