Продолжува расправата за законот за јазиците

Комисијата на Собранието на Македонија за европски прашања денеска ја продолжува амандманската расправа за законот за јазиците. Вчерашното продолжение на седницата беше прекината откако претседателот на Комисијата Артан Груби не им даде можност за процедурална забелешка на пратениците од Беса.

Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на Комисијата, а се очекува тие да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ предвиден за 23 декември.

Најголем дел амандмани за Предлог законот за употреба на јазиците, 84 има поднесено ВМРО ДПМНЕ, 4 СДСМ и 2 Беса.