Продолжува расправата за законот за јазиците

Собранието на Република Македонија денеска на напладне ќе ја продолжи расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање. Пратениците шести ден ќе расправаат за потребата од донесување на овој закон.

Седницата за оваа точка беше прекината околу 2 часот по полноќ, на барање на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во досегашната расправа помина обраќањето на десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина.

Според најавите на претседателот на Собранието Талат Џафери поради почетокот на изборната кампања за локалните избори во понеделник на 25 септември се очекува викендов Собранието да ја прекине работата.