Продолжува штрајкот во Македонски железници

Продолжува протестот на вработените во Македонски железници. Работниците утрово имаа средба со в.д директорот Игор Коруновски на која добиле ветување дека решение за проблемот со платата ќе има денеска, по средбата со владини претставници.

Работниците не ја исклучуваат и можноста за радикализација на протестот, бидејќи како што велат, веќе нема да дозволат задоцнето исплаќање на плати.

Протестот на работниците во железници трае веќе втора недела, откако не добија две плати. Владата во меѓувреме, донесе одлука за зголемување на средствата наменети за железницата, но префрлањето на парите на сметка на железница го услови со враќање на работа на работниците, што не беше прифатено.