сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Продолжува судењето за Дива Населба

Кон крајот на октомври истекуваат шесте месеци и многу е веројатно дека овој обемен процес нема да заврши дотогаш, па најверојатно ќе мора да биде продолжен рокот на користење на големата сала на Врховниот суд бидејќи во Кривичниот суд нема услови за одржување на рочиштата.

1-nadvor-divo-anse-700x454

Последни вести

Судскиот процес за случувањата во кумановската Дива Населба по еден месец пауза денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје. Во текот на септември закажани се пет рочишта. Денешното рочиште е сè уште затворено за јавноста бидејќи во тек е испитувањето на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во борбените дејствија од 9 и 10 мај минатата година, пишува „Академик.мк

Процесот започна на 9 февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати. Причината за прекин на постапката беше спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“. Поради обемноста на предметот, во кој обвинети се 37 лица, Судот неколку недели не можеше да најде соодветна просторија во која ќе бидат исполнети безбедносните и техничките услови за одржување на главна расправа и во која ќе можат да бидат сместени обвинетите и нивните адвокати.

Судењето сега се одвива во големата сала на Врховниот суд, која со одлука на Владата на РМ му беше отстапена на Кривичниот суд на привремено користење во рок од шест месеци. Кон крајот на октомври истекуваат шесте месеци и многу е веројатно дека овој обемен процес нема да заврши дотогаш, па најверојатно ќе мора да биде продолжен рокот на користење на големата сала на Врховниот суд бидејќи во Кривичниот суд нема услови за одржување на рочиштата.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394-а и тероризам од членот 394-б од Кривичниот законик. Обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. На досегашните рочишта беа сослушани бројни сведоци на Обвинителството: роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

Најчитани вести