среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

Продолжува судењето за „Дива населба“

Последното рочиште на 17 октомври беше одложено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

дива населба

Последни вести

Во големата сала на Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Дива населба“.

Последното рочиште на 17 октомври беше одложено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Најчитани вести