четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Продолжува судењето за „Дива Населба“

Во големата сала на Врховниот суд, под силно полициско обезбедување претпладнево треба да продолжи судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Дива Населба”.

divo-naselje-24-Custom-740x492-640x426

Поврзани вести

Во големата сала на Врховниот суд, под силно полициско обезбедување претпладнево треба да продолжи судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Дива Населба”.

Минатата недела, расправата се одложи бидејќи од страна на судската полиција на врховниот суд не беше дозволен влез во судската сала на бранителите на обвинетите, членовите на семејствата и јавноста, со што не беа создадени услови за одржување на расправата.

Инаку, судењето за случајот познат како „Дива Населба“ треба да почне од почеток, зашто судот минатиот месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци.

За настаните од „Дива Населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осуммина.

Најчитани вести